Стојанов одбра кои 14. девојки ќе патуваат во Мостар

77

Селекторот на женската репрезентација на Македонија до 20 години, Деан Стојанов, одлучи кои 14 девојки ќе го понесат товарот во БВА Зонските квалификации за пласман во Европското првенство 2027, кои од 19 до 23 август ќе се играат во Мостар, БиХ.

Тринеделните подготовки и трите тренинг контроли со А националниот тим овозможија на селекторот и стручниот штаб да го изберат тимот на кој ќе му ја дадат довербата во пресрет на историската шанса на оваа генерација.

Делегацијата вечерва со автобус патува за Мостар, утре попладне треба да одработи официјален тренинг, додека натпреваувачкиот дел стартува в среда.

Сите натпревари ќе се играат во спортската сала „Бијели бријег“ во Мостар, Македонија е дел од групата А, а турнирот го отвора на 19 август, на пладне, кога ќе се соочи со Романија. Ден подоцна, во второто коло од 14:30 часот игра со Белорусија, додека групната фаза девојките ја заокружуваат на 21 август, кога од 19:30 часот играат со домаќинот БиХ. Во групата Б се репрезентациите на Србија, Бугарија, Русија и Турција.

На 22 и 23 август ќе се играат натпреварите за пласман. ЦЕВ се уште нема точно дефинирано колку селекции од овој турнир ќе продолжат во следната квалификациска рунда, која треба да се игра од 21 до 24 јануари следната година.

ПретходноПофалби од ФИБА Европа за Македонија: Успешна организација на Европското првенство
СледноВардар првиот официјален меч наместо во Скопје ќе го игра во Охрид