Табела после 3.коло во ПМФЛ: Шкендија е лидер со максимални 9 бода, и тимот од Арачиново пред Вардар!

409

Вчера со дербито во Струга и со дуелот на ФФМ, се затвори 3.коло во тековната сезона во ПМФЛ. Струга ТЛ славеше против Вардар со 1:0, со голот на Малески, а Шкендија со убедливи 4:1 славеше против Брегалница.

По ова може да се анализира табелата по ова 3.коло.

Шкендија е лидер со 9 максимални 9 бода, само тетовци имаат “три од три“. На делба на второто место со Силекс и Струга ТЛ, кои имаат по седум бода. И двете екипи имаат по две победи и по едно реми и тоа на гости. Четврти е Тиквеш со 6, бода додека следува Шкендија Арачиново со 4 бода. Значи и тимот од Арачиново е пред Вардар, клуб кој има само три бода колку што имаат Брегалница и Арсими. Скопје има еден а само Башкими е без победа.

Секако дека ова е катастрова, па и повеќе од катастрофа за актуелниот шампион. Ги загуби двете дербија, со Шкендија и Струга ТЛ, а следува дуелот со Силекс.

Сега Вардар е на -6 бода од Шкендија, а на -4 од Струга ТЛ и Силекс.

Зарем треба некој посебен коментар што се случува со и во Вардар? Се гледа на теренот.

ПретходноСамо Ланс знае како против ПСЖ!
СледноВест на годината: Двете сопруги на селекторот се степале, а тој “паднал во несвест“!