ТРЕНЕР НА КОЛОТО: Бледи Шкемби (Струга Трим Лум)

64
ФОТО: FC Struga/FB

Нема дилеми дека кога ќе се победи шампионот во еден дерби натпревар, тогаш стратегот на победничкиот тим е и тренер на колото, Во овој случај тоа е Бледи Шкемби од Струга ТЛ. Неговиот тим одигра како што треба вчера против Вардар. Не атакуваше по секоја цена на противничкиот гол, добро знаеше дека Вардар има проблеми со физичката подготовка. И така и беше, Струга ТЛ одигра најдобро кога се “кршеше“ резултатот и успеа да победи. Секако дека на крајот имаше и малку среќа ако се знае дека во 90+6.минута Вардар преку Бабунски не реализира пенал, но нели, среќата ги прати храбрите.

Струга ТЛ под водство на Бледи Шкемби има добар старт, две победи со Шкендија Арачиново и Вардар и едно реми на гости кај Скопје, во меч во кој е вистинско чудо, со оглед на шансите, како не победи.

ПретходноФудбалер од Серија А речиси се удави во базен, потоа со хеликоптер беше пренесен во болница
СледноНов бисер во шпанскиот фудбал: 15-годишник вчера дебитираше во Ла Лига, го надмина и Јамал!(ФОТО)