Убаво фудбалско попладне вчера во Струга. Имено се играше дербито на 3.коло меѓу некогашниот против актуелниот шампион, Струга Трим Лум против Вардар. Победија домашните со голот на Христијан Малески, а велиме убаво фудбалско попладне и поради самиот амбиент на трибините, на кои имаше доста гледачи. Струга и Струга ТЛ уште еднаш се покажаа како добри домаќини, како верни фанови на своите љубимци во дресовите на струшкиот прволигаш.
И кога е така, а така е, тогаш не изненадува потегот на раководството на клубот кој преку своите социјални мрежи им се заблагодари на своите фанови за поддршката и ги нарече – посебни.















