ТИМ И ИГРАЧ НА 3.КОЛО: Малески е херојот на Струга ТЛ

119

Христијан Малески уште еднаш покажа дека е напаѓач од репрезентативен калибар. Јасно е, кога ќе го одлучиш дербито со гол со кој ќе го урнеш шампинот, а лани си бил втор најдобар стрелец во Лигата, тогаш од тебе се очекува да бидеш носител на играта на Струга ТЛ. Вчера така и беше. Малески го совлада Талески на најубав можен начин од таа позиција во која беше и на својот тим му донесе голем триумф.

Токму затоа според „СпортСпорт“ напаѓачот на Струга ТЛ е играч на колото, а покрај него во идеалниот тим на стружани се и Јовчевски, Фал, Шабани и Бојку. Тука се и Личина и Симоновски (Шкендија Арачиново), Трумчи и Красничи (Шкендија), Хасукиќ (Силекс), Контрерас (Арсими).

ИГРАЧ НА КОЛОТО

ХРИСТИЈАН МАЛЕСКИ

Тим: Струга ТЛ

Роден: 04.05.2002 во Струга

Кариера: Струга ТЛ, Брера, Тиквеш, Струга ТЛ

ПретходноНовак објави кога ќе ја заврши кариерата!
СледноОфицијално претставена македонската делегација за Таранто 2026: 90 спортисти во 19 од 33 спортови, подготвени за новиот медитерански предизвик