Вардар со стартна победа во Регионалната лига против Војводина

113
D Dukovski

Ракометната екипа на Вардар во својот прв официјален меч од новата сезона успеа во првото коло од Регионалната лига да обезбеди победа против тимот на Војводина со конечни 36:30.

Во интересен и динамичен меч, Вардар на полувреме имаше предност од 20:15 и се виде дека има резултатска и играчка контрола врз натпреварот.

Во продолжението на мечот, „црвено – црните“ само ја контролираа ситуацијата и обезбедија победа со шест голови предност.

Во листата на стрелците се запишаа

Леон Љевар и Жоао Педро со по шест гола додека, пак Гоце Георгиевски, Јака Малус, и Матео Фадуил додадоа по гол помалку.
ПретходноПо триумфот во дербито: Струга Трим Лум им се заблагодари на фановите – вие сте ПОСЕБНИ!(ФОТО)
СледноСамо поради ова Родри ја одбра Барса а не Реал!