Распоред на 4.коло во ПМФЛ: Во недела нема фудбал, дерби мечевите Шкендија – Струга ТЛ и Вардар – Силекс во понеделник!

493
ФОТО: FFM.MK

Од она што може да се види на официјалниот сајт на Фудбалската федерација на Македонија, во недела (23 август) нема да има прволигашки фудбал. Познат е распоредот на натпреварите за 4.коло и тоа две во петок, една во сабота и две во понеделник.

Интересно е тоа што понеделник (24 август), ќе има две дерби средби во Скопје, едната на Арената каде ќе играат Вардар и Силекс, а втората на тренинг центарот на ФФМ каде се среќаваат Шкендија и Струга ТЛ.

Во ова коло ќе има две со вечерен термин, во Штип и на ФФМ.

Исто интересно, дури четири од пет средби од 4.коло се играат во Скопје.

РАСПОРЕД И САТНИЦА НА МЕЧЕВИТЕ ОД 4.КОЛО

ПЕТОК (21.08.2026)

Штип: Брегалница – Башкими (19.00 ч)

Скопје: Скопје – Тиквеш (17.00 ч)

САБОТА (22.08.2026)

Скопје: Шкендија Арачиново – Арсими (16.30 ч)

ПОНЕДЕЛНИК (24.08.2026)

Скопје: Вардар – Силекс (17.00 ч)

Скопје: Шкендија – Струга ТЛ (19.00 ч)

Претходно30 години Плазма Спортски игри за млади: Македонија за првпат на големото финале во Сплит
СледноНовак објави кога ќе ја заврши кариерата!