Христијан Малески уште еднаш покажа дека е напаѓач од репрезентативен калибар. Јасно е, кога ќе го одлучиш дербито со гол со кој ќе го урнеш шампинот, а лани си бил втор најдобар стрелец во Лигата, тогаш од тебе се очекува да бидеш носител на играта на Струга ТЛ. Вчера така и беше. Малески го совлада Талески на најубав можен начин од таа позиција во која беше и на својот тим му донесе голем триумф.
Токму затоа според „СпортСпорт“ напаѓачот на Струга ТЛ е играч на колото, а покрај него во идеалниот тим на стружани се и Јовчевски, Фал, Шабани и Бојку. Тука се и Личина и Симоновски (Шкендија Арачиново), Трумчи и Красничи (Шкендија), Хасукиќ (Силекс), Контрерас (Арсими).
ИГРАЧ НА КОЛОТО
ХРИСТИЈАН МАЛЕСКИ
Тим: Струга ТЛ
Роден: 04.05.2002 во Струга
Кариера: Струга ТЛ, Брера, Тиквеш, Струга ТЛ















