КК Работнички го промовираше Тарик Брунчевиќ!(ФОТО)

114
ФОТО:.facebook.com/KK.Rabotnicki.Skopje/

КК Работнички АД Скопје вечерва објави дека нов член на клубот, воедно и големо засилување е искусниот крилен центар Тарик Брунчевиќ.Екипата на Работнички во Тарик Брунчевиќ добива сериозно засилување на позициите 4/5.

Брунчевиќ во текот на својата кариера настапувал во повеќе европски земји бранејќи ги боите на тимови од Србија, Романија, Словенија, Русија и Франција.

Со своите 206 сантиметри, физичка сила и меѓународно искуство, Брунчевиќ треба да донесе дополнителна цврстина во рекетот, сигурност во скокот и повеќе опции во офанзивата и дефанзивата.

Особено впечатлива беше неговата сезона 2024/25 во Шентјур, каде бележеше просек од 15 поени, 6 скока и 1,8 асистенции по натпревар, со што беше еден од важните играчи на екипата од Словенија.

Со ангажманот на Брунчевиќ, тимот предводен од Владимир Мирковски добива искусен и проверен играч под обрачите, кој треба да биде значаен дел од ротацијата на Работнички.

ПретходноГРК Охрид со победа против У-20 Египет!
СледноШто се случува: Мусијала повторно колабираше!(ВИДЕО)