И натаму траат подготвителните натпревари на македонските ракометни екипи пред стартот на новата сезона. Засега најавите се дека нѐ очекува уште поинтересна битка за трофејот во домашниот шампионат. Вардар, Алкалоид, Еурофарм Пелистер и ГРК Охрид се издвојуваат како четворка која е во предност пред останатите екипи, но и тие можат да приредат изненадување.
Во Битола ракометот и натаму е во фокусот, а колку во градот се сака овој спорт говори и посетеноста на пријателскиот натпревар меѓу двата тима на Пелистер. Резултатот беше во втор план – најважно беше фановите да ги видат на дело своите ракометари, од кои во новата сезона очекуваат победи, а секако и пехари од првиот тим на Еурофарм Пелистер.
Пелистер ќе игра против Партизан во рамките на регионалната лига, но за оваа средба ракометарите нема да имаат поддршка од „Чкембари“, кои не го признаваат ова натпреварување.










