Дома Фудбал Прва лига Хаџи Кимов: Нашата публика и вечерниот термин под Исарот за нас се...

Хаџи Кимов: Нашата публика и вечерниот термин под Исарот за нас се мотивација плус!

77
Македонскиот ПМФЛ шампионат, стандардно ќе продолжи и предстојниов викенд со дуелите од четвртото коло.
На програмата меѓу другите мечеви и е и оној во Штип, каде што домаќинот Брегалница, ќе се сретне со тимот на Башкими.
Штипјани направија одлична атмосфера околу тимот, вечерниот термин под рефлектори дополнителни ја подгрева фудбалката тема во градот и се е подготвено за нов триумф на домаќинот.
“Се подготвуваме максимално сериозно за секој натпревар и следен предизвик. Ова е прва лига, нема слаби противници, нема потценување и опуштање против никој. Хемијата во екипата е на највисоко ниво, целиот фокус е петок и натпреварот против Башкими на домашен терен. Вечерниот термин под “Исарот” и пред нашата верна публика за нас е само мотив плус за добра игра и нови три бода!” – вели Благој Хаџи-Кимов.
Дуелот се игра утре со почеток од 19:00 часот на Градскиот стадион во Штип.
ПретходноКК Соколи посилни за Кам Хамилтон
СледноРеал Мадрид се пофали со Конате