ПМФЛ: Брегалница сака нови три бода, “Пиратите“ на мегдан со Тиквеш

53
ФОТО:.facebook.com/fkbregalnicaofficial

За денеска се закажани два меча од 4.коло во новата 2026/27 сезона во ПМФЛ. Скопје на теренот на тренинг центарот на Фудбалската федерација на Македонија го пречекува Тиквеш, а во Штип, под светлоста рефлекторите играат Брегалница и Башкими.

Штипските “сини“ сакаат нови три бода во меч во кој се големи фаворити, кој се игра во Штип од 19 часот. Играат против Башкими кој не само што има три убедливи порази туку и негативна гол – разлика 0:12. Кумановци не само што немаат освоени ниту еден бод, туку немаат постигнато ни гол.

Па така ако тимот на стратегот Никола Кузманов одигра како што знае, не би требало да има проблем да дојде до нова, втора победа сезонава.

Од 17 часот на ФФМ, екипата на Скопје го пречекува Тиквеш. “Пиратите“ одат по првата победа, додека кавадарчани по оној пораз дома во минатото коло со Шкендија Арачиново, посакуваат враќање на победничките патеки. Во секој случај интересно ќе биде на овој дуел.

ДВОЈКИ ЗА 4.КОЛО – ДЕНЕСКА

Скопје (ФФМ): Скопје – Тиквеш (17 ч)

Штип: Брегалница – Башкими (19 ч)

ПретходноСудии за ПМФЛ: Стојчевски “главен“ на Вардар – Силекс, а Трпчевски на мечот Шкендија – Струга ТЛ
СледноЛекарите не ризикуваат: Мусијала нема да игра на Суперкупот