Тотенхем ја празни касата: Договорен трансфер на Савињо вреден скоро 90 милиони евра

99
фото: Dutchie Bowen @dutchiefooty (X)

Лондонски Тотенхем безмилосно ги празни своите каси ова лето. Тимот од Северен Лондон постигнаа договор со Манчестер Сити за трансферот на бразилскиот крилен напаѓач Савињо.

Тотенхем се согласи да плати 87,5 милиони евра, што Сити ги бараше за овој трансфер, а сега се очекува Савињо да се појави на лекарски прегледи во Лондон.

Тотенхем продолжува со преговорите со Сити и во врска со втор трансфер, а целта е Египќанецот Омар Мармуш. Се очекува дека овој договор ќе биде постигнат во наредните денови.

Пред Савињо, Тотенхем веќе потроши 260 милиони евра ова лето, бидејќи ги доведе Сандро Тонали од Њукасл и Матеус Фернандес од Вест Хем за по 100 милиони евра, додека издвоија 60 милиони евра за Јан Пол Ван Хеке од Брајтон.

Без отштета беа ангажирани и Маркос Сенеси, Ендру Робертсон и Мартин Дубравка.

ПретходноМондо за малку не успеа повторно да го собори светскиот рекорд во скок со стап
СледноВторо американско засилување за Соколи, стигна и Џеј Пал