Мондо за малку не успеа повторно да го собори светскиот рекорд во скок со стап

38
фото: Wanda Diamond League @Diamond_League

Неверојатниот Швеѓанец Арманд Дуплантис победи на натпреварите во скок со стап со нов рекорд на „Атлетисима“, 12-от натпревар од Дијамантската лига оваа сезона, во Лозана.

Актуелниот олимписки шампион, како и светски и европски шампион, победи со скок од 6,21 метри, шест сантиметри повисоко од неговиот претходен рекорд во Лозана.

Дуплантис се обиде и да скокне 6,32 метри, што е за еден сантиметар над светскиот рекорд што го постави на 12 март оваа година во неговиот роден град Упсала, но не успеа.

Второто место му припадна на Гркот Емануил Каралис со скок од 6,16 метри.

„Уморен сум. Ова беше неверојатно натпреварување, навистина морав да ги подигнам работите на следно ниво“, рече Дуплантис.

Останатите дисциплини се закажани за утре.

ПретходноВардар го победи и Нексе, против Тримо за финале на турнирот во Охрид