И ослабен, македонскиот шампион Вардар го совладаа хрватски Нексе со 33:27 во последниот вечерашен меч на 3. ден од натпреварите на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“ во Охрид. Со оваа победа, „црвено-црните“ ќе имаат директна битка со Тримо за пласман во големото финале.
Вечерва видовме еден интересен меч во кој Нексе изненади со одличната игра во првиот дел, но Вардар ги стабилизира редовите во второто полувреме и успеа комплетно да го промени текот на мечот.
Пред овој меч, екипата на Тримо Требње од Словенија славеше над грчки Олимпијакос со 25:24. Со оваа победа Тримо сега има четири бодови и е на чекор до финалето.
Во првиот денешен натпревар екипата на Војводина беше подобра од младата селекција на Египет со 29:24.










