Уште еден доказ дека Столе Димитриевски не само што го оправдува фактот дека е бр.1 на голманската позиција во Валенсија, туку и тоа дека е еден од најдобрите чувари на мрежата во Ла Лига. Во елитната лига на светскиот првак.
Вечерва на “Местаља“, Валенсија остана непоразена од Селта, на крајот беше 0:0, само поради Македонецот кој едноставно беше фантастичен. Покрај тоа што остана со „чиста мрежа“, туку во неколку наврати на бравурозен начин го спасуваше својот гол.
Да се надеваме дека оваа сезона Столе, ова беше прв меч во новата сезона во Ла Лига, само ќе има уште многу вакви мечеви, како овој со Селта на стартот во новата сезона.










