У-15 Македонија со пораз од БиХ по изведување на пеналите

63
ФОТО:.ffm.mk/

Во првиот натпревар од развојниот турнир на УЕФА за играчи до 15 години што се одржува во Струмица и Турново, репрезентацијата на Македонија се соочи со селекцијата на Босна и Херцеговина.

Во регуларниот тек од натпреварот резултатот беше 2:2, а по подобро изведување на удари од 11 метри славеа гостите.

Македонија поведе со погодокот на Габриел Фударски Митев уште во втората минута. Во 18-тата капитенот Леис Факиќ зголеми на 2:0.

Во 27.минута Недим Хрњиќ намали на 2:1, а конечниот резултат го постави Кенан Салкановиќ во 42. минута.

Во вториот натпревар Естонија славеше со 1:0 во дуелот против Украина.

МАКЕДОНИЈА: 12. Огнен Божиновски, 3. Стефан Петковски, 4. Калин Арсовски (16.Хари Папиќ  56′), 5. Максим Мечкаровски (15.Ненад Јовановиќ 34′), 7. Леис Факиќ, 8. Амир Бафтијари (13.Стефан Дрндаровски  52′), 9. Ангел Симоновски (18. Адем Вукељ 52′), 10. Габриел Фударски (21.Убеит Муадини 71′) Митев, 11. Стефан Шилковски, 14. Леон Ристов (17.Џемал Алили 71′). 6. Марко Мартиновски(20. Оргес Елези 71′)

ПретходноНесторовски стрелец за Славен Белупо, па се повреди
СледноТФТ со пораз на пријателскиот меч со ПАОК (ФОТО)