Марио Младеновски, со својот Вараждин во 28.минута најави сензација на “Максимир“ кај Динамо Загреб, со гол за голема радост, но тоа беше само најава. Ова на македонскиот интернационалец беше втор гол сезонава во ХНЛ, иако е дефанзивец, но на крајот резултатот гласеше 3:1 за големиот фаворит.
Интересно е што на одмор се замина со тие 0:1, со голот за водство на Македонецот, ама во продолжение шампионот на Хрватска и тоа како ја покажа сета своја сила и со три голови дојде до убедлива победа од 3:1.










