Релиќ во четвртфинале на Медитеранските игри, слаб настап за нашите пливачи

197

Најдобрата македонска таеквондистка Милијана Релјиќ дојде до победа на почетокот на Медитеранските игри во Таранто, Италија.

Релјиќ во категоријата во 57 килограми, славеше над домашната надеж Ана Куорво.  Таа на крајот славеше со 2-0 против Италијанката.

Што се однсува до нашите пливачи, Сара Јанковиќ на трката на 400 метри слободно ја заврши на последното 10. место со време од 4:34.83 минути, што беше за десет секунди послабо од нејзиното пријавено време.

Огнен Славковски се пласираше на последното 17 место на 400 метри слободно, оствари време од 4:04.37 минути што е  за една секунда подобро од неговото пријавено време.

Најдобро се покажа Јован Јанковски на 50 метри пеперутка. Тој со време од 24.86 секунди (во граници на пријавеното време) го освои 17. место од 20. пливачи кои ја завршија трката.

ПретходноГРК Охрид ги повика фановите за новата пресметка со Вардар вредна за пехар
СледноКуманово потпиша американски плејмејкер