Ракометарите на Е. Пелистер одиграа одличен натпревар и остварија победа на првиот натпревар од новиот проект наречен Регионална лига. Во Битола гостуваше екипата на Партизан на шпанскиот стратег Раул Гонзалес и оствари победа со 35:31.
Битолчани покажаа фуриозна партија во првиот дел и направија извонредна предност од 20:13 на крајот на полувремето. Во вториот дел тимот на Раул одигра многу подобро, но „зелено-белите“ на крајот ја остварија посакуваната победа.
Извонредно издание имаше Филип Кузмановски со 15 гола.










