Аријан Адеми си замина од Ујпешт, следи потпис со Рудеш!

123

Заврши мисијата на извонредниот Аријан Адеми во екипата на Ујпешт од Унгарија. Негогашниот репрезентативец на Македонија со кого нашиот национален тим ги забележа најголемите успеси, попладнево го раскина договорот со екипата од Будимпешта во која настапуваше една сезона.

Според најавите, Аријан Адеми (35), во наредните неколку часа ќе има нов клуб. Се враќа во Загреб, но не и во неговиот Динамо, клуб во кој е легенда и „вечен“ капитен. Сепак „модрите“ од „Максимир“ имаат нова структура во клубот, па така сега Адеми е фокусиран кон трансфер во екипата на Рудеш, која исто така се натпреварува во најсилната лига на Хрватска.

Македонскиот интернационалец во својата кариера има настапувано за Шибеник, Динамо Загреб, Пекинг Гуан и Ујпешт. Тој како младинец настапуваше за Хрватска а потоа по иницијатива на неговиот братучед Агим Ибраими, прифати да игра за Македонија. Потоа се е историја… со 33 настапи, 4 гола, настап на ЕП и бараж за СП но и со победа против Германија во Дуизбург.

ПретходноЧервар со лекција за Раул, Пелистер делува моќно
СледноУште едно ново име во Тотенхем: Утре потпишува и Мармуш