Червар со лекција за Раул, Пелистер делува моќно

547

Ракометарите на Е. Пелистер одиграа одличен натпревар и остварија победа на првиот натпревар од новиот проект наречен Регионална лига. Во Битола гостуваше екипата на Партизан на шпанскиот стратег Раул Гонзалес и оствари победа со 35:31.

Битолчани покажаа фуриозна партија во првиот дел и направија извонредна предност од 20:13 на крајот на полувремето. Во вториот дел тимот на Раул одигра многу подобро, но „зелено-белите“ на крајот ја остварија посакуваната победа.

Извонредно издание имаше Филип Кузмановски со 15  гола.

ПретходноДрама на „Ст. Џејмс Парк“: Ливерпул се спаси со пенал во последните секунди
СледноАријан Адеми си замина од Ујпешт, следи потпис со Рудеш!