Арби Воша пред дербито со Шкендија: Струга ТЛ мора да го даде максимумот за да дојде до трите бода!

59


Во пресрет на утрешното дерби од 4.коло меѓу Шкендија и Струга ТЛ, кое ќе се одигра на тренинг центарот на ФФМ во Скопје, свој коментар има офанзивецот и еден од клучните играчи на стружани, Арби Воша Тој вели дека атмосферата во тимот е добра, по таа претходна победа над Вардар, исто така се надева на нова победа и утре:
“По дербито со Вардар, каде што успеавме да постигнеме минимална победа од 1:0, утре нè очекува уште еден дерби натпревар, оној против тетовска Шкендија“ вели Воша и дополнува…
„Шкендија има добар тим, составен од квалитетни играчи, но ние сме фокусирани само на нашата работа и на тоа да го подготвиме тимот што е можно подобро за овој дерби натпревар. На вакви натпревари, секој играч мора да го даде својот максимум, за на крајот да се надеваме на позитивен резултат“ – рече Арби Воша.

Во моменти кога температурите се екстремно високи, Воша е задоволен од фактот што овој натпревар ќе се одржи навечер. Тој вели дека оваа одлука треба да се поздрави, бидејќи несомнено ќе биде олеснување за играчите на двата тима.
„Правилна одлука, бидејќи натпреварот ќе се одржи во Скопско, и тоа во идеално време, кога температурите се пониски, па ова има позитивен ефект врз нас фудбалерите, да го дадеме својот максимум на теренот, но и за навивачите кои можат да го следат натпреварот во подобри временски услови“ – изјави Воша, кој зборуваше и за атмосферата што преовладуваше во тимот во пресрет на овој дерби натпревар.
Воша досега има постигнато само еден гол на натпреварите против Тетовска Шкендија, и тоа како дел од Македонија Ѓ.П.
„Што се однесува до головите, нема сомнение дека секој играч сака да постигнува голови. Секако дека и јас сакам да постигнувам голови, дури и утре против Шкендија, но мислам дека во овие моменти 3-те бода се повредни, па без оглед на тоа кој постигнува голови, да се надеваме дека на крајот ние ќе бидеме тие што ќе ја уживаат победата и дека ќе ги однесеме 3-те бода во Струга“ – ја заврши својата изјава Арби Воша, за кого се очекува утре да го одигра својот 45-ти натпревар со дресот на Струга Трим Лум.

ПретходноОфицијално:Шкендија без Фреитас, Ѓорѓиевски и Гаје на утрешното дерби со Струга ТЛ
СледноБадел 1862 ја продолжи соработката со кошарката која имаше дабл-дабл просек