Судир на два поранешни македонски селектори во Битола

262

Уште еден наш тим ќе ги започне натпреварите во новоформираната Регионална лига. Еурофарм Пелистер на домашен терен го пречекува Партизан, а дуелот стартува во 18 часот.

Ова е прв меч во ова натпреварување за двата тима, а има и дополнителна тежина бидејќи е пресметка на поранешни селектори на Македонија. Лино Червар е на едната страна, додека Раул Гонзалес на другата. Не само што беа селектори, туку и двајцата оставија позитивен белег во македонскиот ракомет – Лино со Металург, а Раул со Вардар.

За двајцата стратези ова ќе биде прв официјален натпревар. И Лино, но и Раул, беа ангажирани со цел да постигнат врвни резултати.

Македонскиот вицепрвак одигра неколку пријателски натпревари и на истите запиша победи. На денешната средба Еурофарм Пелистер ќе има поддршка од трибините, но ќе ги нема своите верни „Чкембари“, кои јавно соопштија дека ќе ги бојкотираат натпреварите од Регионалната лига.

ИЗЈАВИ ПРЕД МЕЧОТ

„Го завршивме овој дел на подготовки и сега почнува она сериозното. Мислам дека минавме добри три недели подготовки, посебно на делот во Словенија. Веќе мислите ни се на Партизан и се подготвуваме за овој натпревар. Тимската хемија е добра, новајлиите мислам дека добро се вклопија. Дојде и нов тренер и донесе нови идеи, негов стил на игра и на тоа работиме секојдневно“, изјави ракометарот на Пелистер, Ник Хенингман.

„Екипата на Е. Пелистер има цврста одбрана и комбинира неколку различни тактики во одбраната. Играа во Лигата на шампионите минатата сезона, имаат квалитетни играчи и на нивниот терен е особено тешко да се победат“, изјави Раул Гонзалез. 

ПретходноТрансфери: Баерн преговара со Кејн, Ѓокереш би можел во Барса, Ришарлисон си оди а Гакпо доаѓа во Тотенхем
СледноХајдери го донесе првиот медал за Македонија на Медитеранските Игри