Хајдери го донесе првиот медал за Македонија на Медитеранските Игри

160

Македонија го обезбеди првиот медал на Медитеранските игри кои се одржуваат во Таранто.

Во борење слободен стил, македонскиот репрезентативец Реџеп Хајдари обезбеди пласман во полуфиналето во категоријата до 97 килограми, со што веќе има загарантирано медал.

Хајдари групната фаза ја заврши со една победа и еден пораз, во полуфиналето македонскиот борач ќе се сретне со Французинот Адлан Вишканов.

До полуфиналето стигна и Фати Вејсели во категоријата до 74 килограми, но тој сè уште нема обезбедено медал. Вејсели во полуфиналната борба ќе се соочи со Турчинот Јасин Јесил, а во случај на пораз, шансата за медал ќе ја бара преку репасажот.

Од останатите македонски борачи никој не успеа да стигне до битката за медал. Могамедгаџи Нуров и Мехмет Усинов го завршија настапот, додека Бесар Алили и Ахмад Магомедов сè уште ги очекуваат расплетот и информациите дали ќе добијат можност за настап во репасажот.

ПретходноСудир на два поранешни македонски селектори во Битола
СледноОдбојкарките завршија последни во БВА квалификациите!