Одбојкарките завршија последни во БВА квалификациите!

50
Фото: Одбојкарска федерација на Македонија

Женската репрезентација на Македонија до 20 години заврши како последнопласирана на БВА Зонските квалификации во Мостар за ЕП 2027.

Во дуелот за избегнување на “фенерот” Македонија се соочи со домаќинот Босна и Херцеговина. Нашите надеж одиграа под нивото, овој пат загубија со 1:3 (14:25, 25:23, 22:25, 14:25). Одбојкарките го добија само вториот сет со 25-23, беа речиси рамноправни во третиот, но потоа целосно паднаа.

Ова беше втор пораз за селекцијата од овој противник откако претходно, Македонија со 3:2 беше поразени и во групната фаза.

ПретходноХајдери го донесе првиот медал за Македонија на Медитеранските Игри
СледноУжасен инцидент: Верстапен веќе ја заврши трката (ВИДЕО)