Бадел 1862 ја продолжи соработката со кошарката која имаше дабл-дабл просек

46

Бадел 1862 продолжи со градењето на тимот за следната сезона. Линдзи Клири, која минатата сезона беше едно од клучните засилувања под обрачите ја продолжи соработката. За нејзиниот придонес најдобро говорат бројките – Клири имаше дабл-дабл просек од 10,5 поени и 14,5 скока по натпревар.

Пред повторно да пристигне во Скопје, Линдзи ги сподели своите очекувања за новата сезона.

„Возбудена сум што повторно ќе му се приклучам на Бадел и оваа сезона. Минатата сезона чувствувам дека го пронајдовме нашиот ритам како тим и завршивме силно, но останавме со „глад“ за многу повеќе. Енергијата од нашите навивачи беше неверојатна и знам дека и оваа сезона ќе се стремиме да ги направиме горди. Се радувам што повторно ќе играм за тренерот Дарко и ќе придонесам за успехот на тимот со моето искуство и натпреварувачки дух“, порача Линдзи.

Во Бадел 1862 пак се горди што постигнаа договор со оваа кошаркарка.

„Горди сме што кошаркарка како Линдзи Клири, која е професионалец во секоја смисла на зборот, одлучи да ја продолжи соработката со нашиот клуб. Веруваме дека нејзиното искуство, квалитет и победнички менталитет ќе бидат важен дел од амбициите на тимот во новата сезона“, порачаа од Бадел 1862. 

ПретходноАрби Воша пред дербито со Шкендија: Струга ТЛ мора да го даде максимумот за да дојде до трите бода!
СледноТрансфери: Баерн преговара со Кејн, Ѓокереш би можел во Барса, Ришарлисон си оди а Гакпо доаѓа во Тотенхем