Риера воодушевен од играта на Гаштаров: Тој денеска одржа мастерклас!

503
ФОТО:facebook.com/crvenazvezdafk

Белградска Црвена Звезда денеска славеше со убедливи 4:0 на мечот со Чукарички во 6. коло од првенството на Србија, а по натпреварот новиот тренер на „црвено-белите“, Алберт Риера имаше многу пофалби за настапот на нашиот млад репрезентативец, Матеј Гаштаров.

Според Риера, Гаштаров бил играч на натпреварот, споредувајќи го со Раде Круниќ.

„За мене, Гаштаров денеска одржа вистински мастер-клас! Веројатно внимателно ја гледал играта на Круниќ на таа позиција, како се брани како централен бек и како создава дополнителен вишок во средината како „шестка“. Ако некому треба да честиттам денес, тоа би бил Гаштаров. Младите играчи многу брзо ги прифаќаат идеите и тоа ме прави исклучително среќен.“ – вели Риера.

ПретходноЕлмас дебитираше со победа, Милан тргна победнички во Торино
СледноБарса со „петарда“ ја започна новата сезона