Ване Крстевски пред дербито со Струга ТЛ: Максимално сме мотивирани, сакаме победа!

53
ФОТО:.facebook.com/fcshkendija

Вечерва од 19 часот на тренинг центарот на ФФМ во Скопје, Шкендија како домаќин ќе ги одмери силите против Струга Трим Лум во натпревар од 4.коло во ПМФЛ. Важен меч и за двете екипи, важни бодови.

Ване Крстевски, напаѓачот на Шкендија верува во уште еден добар настап на неговата екипа и верува дека може да се дојде до нова победа, за “четири од четири“.

Во тимот владее одлична атмосфера. Подготвени сме за Струга ТЛ, знаеме дека нè очекува тежок натпревар и добро го анализиравме. Добро почнавме со три победи и се надеваме дека утре ќе дојдеме до уште една една, како што е нормално. Мислам дека настапот во Европа малку нè повреди, за жал бевме елиминирани иако сакавме да го повториме минатогодишниот успех. Сега сме фокусирани на првенството и се надеваме дека ќе ја освоиме титулата оваа година, па така следната година ќе го повториме успехот и во Европа.“

Крстевски посочи дека по трите победи во изминатите три меча придонесе за уште поголема мотивација:

Нормално, сите играчи кои се 100% подготвени за утрешниот натпревар го чекаат натпреварот. Мислам дека сите ќе дадат 100% од себе и овие три победи ни даваат како „ветер на грб“, да продолжиме со ова темпо.“

Шкендија повторно ќе игра на ФФМ и повторно под рефлектори, но сега ќе ги има и навивачите на трибините:

Мислам дека е предност и привилегија да се игра под рефлектори. Времето е доста жешко и во такви услови е тешко да се игра. Дури и надвор од Тетово, како што споменавте, ни недостигаше публиката, но се надеваме дека на вечерашниот меч ќе ја имаме нивната поддршка и сè ќе биде полесно.“ заврши Ване Крстевски.

ПретходноОна што се случи во соблекувалната стави крај на приказната: Хулијан Алварез и Атлетико!
СледноАвгуст или кој било друг месец во Битола не менува ништо: „Боро Чурлевски“ повторно „крцаше“