Тетовска Шкендија попладнево ги потврди промените на раководните позиции во клубот.
Валдрин Ука е назначен за генерален директор на клубот. Со оваа улога, тој презема нови одговорности во раководењето и извршното управување на Шкендија.
Ерхан Селими, кој досега ја извршуваше функцијата директор на Фудбалската школа, е назначен за спортски директор, додека Фестим Адеми ја презема функцијата технички директор на Спортскиот оддел.
„Селими и Адеми ќе соработуваат тесно и ќе носат заеднички одговорности во управувањето со спортските прашања, со цел зајакнување на структурата, балансирање на организацијата и обезбедување на успех на клубот во наредниот период. Промените се дел од континуитетот и развојот на структурата на клубот, со цел Шкендија да продолжи да гради, развива и унапредува кадри подготвени за најважните лидерски одговорности“, велат од Шкендија.















