ТИМ И ИГРАЧ НА 4.КОЛО: Спахиу покажа како треба

77

Стрелец на убав гол, двоен асистент и погодена пречка по еден мајсторски шут, секако и многу креирани закани по противничкиот гол. Тоа е она што Едиз Спахиу го направи на дерби мечот со Силекс, и покажа како треба да игра еден напаѓач на Вардар. И кога е така тогаш нема дилеми дека Спахиу е играч на ова 4.коло. Тој е најзаслужниот што Вардар победи со 4:1 против составот од Кратово.

Покрај него во идеалниот тим се и Талески, Матиќ, Маневски и Данев (Вардар), Манев, Зејнулаи и Ибраими (Шкендија), Каба (Арсими), Глигоров (Брегалница) и Папули (Скопје).

ИГРАЧ НА КОЛОТО

ЕДИЗ СПАХИУ

Тим: Вардар

Роден: 18.03.2001 во Гостивар

Кариера: Шкендија, Гостивар, Тиквеш, Вардар

ПретходноТРЕНЕР НА КОЛОТО: Артим Положани (Шкендија)
СледноОдбојкарите до 20 години поразени од Бугарија на стартот на Зонските квалификации