Шкендија го потврди “СпортСпорт“: И официјално Цуцули не е веќе спортски директор на “црвено – црните“

86

Она што “СпортСпорт“ го најави пред неколку дена, дека Ардијан Цуцили и Шкендија се разделиле и дека тој нема да биде веќе спортски директор на тетовски “црвено – црни“, попладнево дојде и потврда. Со официјално соопштение Шкендија потврди дека Цуцули не е веќе на таа функција во клубот.

Соопштението ви го пренесуваме во целост:
“По три години на позицијата спортски директор, Ардијан Цуцули го завршува својот ангажман во Шкендија. Клубот му се заблагодарува на Ардијан Цуцули за придонесот и посветеноста дадена во текот на овој циклус.
По завршувањето на ангажманот на Ардијан Цуцули на позицијата спортски директор, се затвора уште едно поглавје од неговото долго патување со црвено-црниот клуб.
Поранешниот капитен и едно од имињата кои дале голем придонес за Шкендија во различни периоди, Цуцули ја заврши својата кариера како фудбалер токму во црвено-црните бои, за потоа да продолжи три години на позицијата спортски директор, како дел од историските успеси.
Клубот му се заблагодарува на Ардијан Цуцули за работата, посветеноста и придонесот дадени низ годините во Шкендија, посакувајќи му здравје, успех и се најдобро во иднина.
Ти благодараме, Цуци
!“

ПретходноШок во Мадрид: Мурињо ќе го “седне“ на клупата миленикот на фановите на Реал!
СледноПромоција: Селмани и Руватубјае за уште посилна Шкендија Арачиново!(ФОТО)