Алкалоид дебитира во регионалната лига: Лазаров ги пречекува Раул и Партизан

256

Македонските тимови продолжуваат со натпреварите во Регионалната лига, денеска три нашите претставници ќе ги одиграат своите мечеви.

Деби ќе има Алкалоид, предводен од Кирил Лазаров, во салата „Автокоманда“ ќе го пречека Раул Гоназалес и Партизан, мечот стартува во 19 часот. Ова ќе биде пресметка помеѓу сегашниот селектор на Македонија и поранешниот предводник на нашиот најдобар национален тим.

Алкалоид во новата сезона ќе настапи со промени во составот, дополнително искуство ќе дадат Вуко Борозан, Нејc Цехте и Матиц Сухолежник. Целите и амбициите се високи, па тимот од Автокоманда ќе сака на домашен терен да дебитира со победа против Партизан, кој во новата сезона ќе игра во Лигата на шампиони.

Пелистер после победата над Партизан, на домашен терен го пречекува Ловчен (18 часот), додека во 19 часот ГРК Охрид игра против Будванска Р на гости. ѓ

ПретходноНиколов се врати дома, Брегалница доби екстра засилување
СледноПех за Јувентус: Јилдиз мора на операција, следува долга пауза