Иван Николов е промовиран како нов фудбалер на штипска Брегалница. Големото засилување за штипските “сини” го промовираше лично градоначалникот Иван Јорданов.
Играчот за врска и официјално се враќа дома и во својот матичен клуб по настапите за Вардар, Сондерјиске (Данска), и Радник Бјелина (БиХ).
Николов има право за настап за Брегалница вече за дуелот со Струга Трим Љум во престојното 5.коло од шампионатот во кој екипата од Штип има две домашни победи и два гостински порази.















