Младата женска ракометна репрезентација запиша нов пораз на Медитеранските игри кои се одржуваат во Таранто. Овој пат „црвено-жолтите“ беа совладани од Алжир со убедливи 23-37. За Македонија ова беше трет пораз после Грција и Тунис.
Победникот беше решен после првото полувреме по кое нашите девојки беа во негатива од 11-20. И на оваа средба капитенот Леона Миленкоска беше најефикасна, зад нејзиното име запиша шест гола од осум обиди.
Македонија утре е слободна, а следен противник е селекцијата на Италија.










