Лесно им е на Лино и Пелистер кога го имаат Кузмановски!

185
ФОТО:facebook.com/hceurofarmpelister

Во вториот меч во регионалната ракометна лига, нова победа за ракометарите на РК Пелистер.Битолчани пред својата публика во салата “Боро Чурлевски“ славеа против Ловќен со 45:33.

Тоа беше чиста рутина, се чини дека ако избраниците на стратегот Лино Червар, сакаа да одиграат на уште повисоко ниво, а немаше потреба, че славеа уште поубедливо.

Капитенот Филип Кузмановски уште еднаш одигра на ниво, беше стрелец на 14 голови, Хенигман запиша 10, Атанасијевиќ 7.

Јасно е сега дека на Лино и на Пелистер им е лесно кога го имаат во тимот капитенот на Пелистер, но и капитенот на нашата А-ререзентација.

Гостите од Црна Гора поведоа со 0:1 и тоа беше единствен пат да имаа водство на овој меч.Како што одминуваше времето домашнитиот тим си ја билдаше разликата па така на одмор се замина со 24:15.

Во продолжение беше тоа само рутинско одработување на работата и шанса Червар да испроба некои варијанти, како во дефанзивата така и во нападот.

ПретходноГотово е: Буади во Сити за 100 милиони евра!
СледноЛапорта отворено за драмата со Алварез: Се откажавме, но потоа Атлетико се обиде да го продаде на други тимови