Мурињо: Вини може и мора подобро да се контролира

177

Новиот тренер на Реал (М), Жозе Мурињо рече дека верува дека Бразилецот Винисиус е неправедно цел на критики, но додаде дека напаѓачот на мадридскиот клуб може подобро да одговори на провокациите.

Бразилскиот фудбалер беше вмешан во неколку инциденти со навивачи и играчи на противничкиот тим за време на натпреварот од второто коло од шпанската Ла Лига против Еспањол, кој се играше во саботата во Барселона.

„Постојат ситуации во и надвор од теренот. Реакцијата кон навивачите и навредите, ако не се расистички или хомофобични, туку вообичаените навреди од навивачите, мислам дека тој може и мора подобро да се контролира. Мислам дека може да го подобри својот однос со противничките навивачи“, рече тренерот на Реал Мадрид.

ПретходноДени Илиев пред трансфер во азербејџански Сумгаит
СледноЈани Атанасов прогласен за играч на месецот во дресот на Актобе