Денес на 76-годишна возраст почина Никола Богоевски викан Бизонот еден од најдобри спортисти што ги имала Битола во својата историја. Богоевски беше фудбалска легенда со раскошен талент и физичка подготвеност, остави неизбришлива трага за историјата на ФК Пелистер.
Богоевски 14 години беше активен фудбалер во зелено- белиот дрес на ФК Пелистер. Во 1969 Богоевски беше младински југословенски првак во повеќебој, прогласен за најдобар спортист на Битола – 1969 година.
Погребот ќе биде во четврток 27ми август, во 12:00 часот во Старите светонеделски гробишта. Изложен ќе биде од 10 до 12 часот во капелата на црквата Св. Недела.









