Од Атлетико Мадрид со порака: Нема да го продадеме Алварез на Барселона!

62
ФОТО: La Liga/FB

Атлетико Мадрид е категоричен дека нема да го продаде Хулијан Алварез на Барселона, и покрај континуираниот интерес на Каталонците за аргентинскиот напаѓач. Ситуацијата околу 26-годишникот ескалираше во последните месеци, а од „Ванда Метрополитано“ сега се категорични:

Постои 0% шанса да го продададеме на Барселона“.

Клубот верува дека Атлетико стана „жртва“ на целата ситуација и ги обвинува и претставниците на играчот и Барселона за настанатите тензии.
„Тие ни штетат економски и социјално“, коментираше Атлетико, нагласувајќи дека случајот повеќе не е прашање на пари, туку на принципи и достоинство.
Клубот е особено незадоволен што е создадена „кампања со многу лаги и полувистини“, додека самиот Алварез не го покажува своето најдобро лице на теренот. Атлетико, исто така, потсети дека му понудиле на напаѓачот нов договор што би го направил најплатен играч во клубот.
Во исто време, раководството наведува дека ќе продолжи да му ја обезбедува потребната медицинска и психолошка поддршка на Алварез, откако тој денес не тренираше поради болест.

ПретходноГРК Охрид славеше кај Будванска Ривиера
СледноУЕФА го откажа бојкотот, ама и натаму бара оставка од Инфантино