Почина легендарниот фудбалер на Пелистер, Никола Богоевски

100

Денес на 76-годишна возраст почина Никола Богоевски викан Бизонот еден од најдобри спортисти што ги имала Битола во својата историја. Богоевски беше фудбалска легенда со раскошен талент и физичка подготвеност, остави неизбришлива трага за историјата на ФК Пелистер.

Богоевски 14 години беше активен фудбалер во зелено- белиот дрес на ФК Пелистер. Во 1969 Богоевски беше младински југословенски првак во повеќебој, прогласен за најдобар спортист на Битола – 1969 година.

Погребот ќе биде во четврток 27ми август, во 12:00 часот во Старите светонеделски гробишта. Изложен ќе биде од 10 до 12 часот во капелата на црквата Св. Недела.

ПретходноМИ 2026: Рустемовски остана со бронзата – пораз во полуфиналето од Хернандез
СледноРајт: Се чувствувам како да сум Македонец подолго време!