По се она што се случи во полуфиналето на боксерскиот турнир на МИ во Таранто, на кој нашиот Ален Рустемовски беше буквално ограбен од судиите, кои му ја доделија победата на Шпанецот, Марин Хернадез, свој коментар имаше и нашиот боксер кој херојски се бореше на ово меч, но сепак беше поразен, со одлука на судиите:
“И дефинитивно мислам дека требаше да победам, па дури и со разлика од 5:0.Меѓутоа не знам како бодуваа судиите и што гледаа тие на овој меч. Мислам дека судиската одлука беше многу неправедна“ изјави Рустемовски.
Како што веќе информиравме, нашата делегација на МИ во Таранто најави жалба.










