Калина и Кристијан на гости во Србија, соработката со српската пинг-понг федерација се засилува

30

Под палката на Бојан Милошевиќ, координатор за перспективни спортисти, и тренери од Белград, Калина Митева и Кристијан Митев од пингпонгарскиот клуб Пелагонија од Битола 6 дена тренираа со најперспективните српски млади пингпонгари и дел од избраните репрезентативци на Србија.

Тренинг кампот е резултат на веќе воспоставената соработка со пингпонгарската федерација на Србија која претставува регионална мрежа за надградба и унапредување на нашите сегашни и идни играчи.

Претставници од Српската федерација очекуваме и на тренинг кампот во Скопје од 7 до 10 Октомври во спортскиот центар Јане Сандански.

ПретходноМаркињос ја доби новата УЕФА награда – „Респект: Надвор од натпреварот“
СледноЛШ ЖДРЕПКА: Супер дуели меѓу ПСЖ, Барса и Манчестер Сити, Арсенал против Реал и Баерн