Од утре па до понеделник ќе се играат сите пет меча од 5.коло во тековната сезона во нашата елитна лига. Одредени се и судиите. Утре во Кратово, каде се среќаваат Силекс и Шкендија правдата ќе ја дели Доне Ристовски, додека во Кавадарци на мечот Тиквеш – Вардар, кој се игра во понеделник, ќе суди Александар Грујоски.
Во продолжение можете да ги видите сите двојки и судии за ова коло:
ДВОЈКИ И СУДИИ ЗА 5.КОЛО
ПЕТОК
Кратово: Силекс – Шкендија (Доне Ристовски) 16 ч
Струга: Струга ТЛ – Брегалница (Бењамин Керими) 17 ч
САБОТА
Гостивар: Арсими – Скопје (Влатко Илиоски) 16.30 ч
НЕДЕЛА
Куманово: Башкими – Шкендија А (Стојанче Трпчевски) 16.30 ч
ПОНЕДЕЛНИК
Кавадарци: Тиквеш – Вардар (Александар Грујоски) 17 ч















