Алкалоид во „лов“ на прва победа во регионалната лига

77

Регионалната лига се игра во забрзано темпо. После само два дена, македонските тимови играат нови натпревари.

Алкалоид на домашен терен го пречекува Ловќен, мечот е закажан во 19 часот. Тимот од Автокоманда после поразот од Партизан, ќе бара прва победа во ова натпреварување.

И гостите доаѓаат со исти амбиции, откако претходно беа поразени од Еурофарм Пелистер и Дубочица.

ГРК Охрид повторно игра на гостински терен, овој пат кај Панчево. Македонскиот тим има две победи, додека противникот има еден пораз. Натпреварот е закажан со почеток во 18 часот.

ПретходноСилвија Митевска: „Жените не треба да станат подобри мажи за да бидат добри лидерки“
СледноПротивникот на Македонија по шокантниот пораз порача: Разочарани сме!