Караташ е единствениот од Македонија кој ќе игра Лига на шампиони!

215

И во новото издание од Лигата на шампионите, Македонија ќе има свој фудбалер кој ќе игра во групната фаза од најсилното светско клубско натпреварување. Честа на мак-фудбалот ја спаси новиот репрезентативец во нашиот национален тим кој ги брани боите на Галатасарај. Левиот бек Казимчан Караташ и првакот на Tуrција вчера ги добија ривалите за новата сезона од ова натпреварување во кое ќе се судрат дома во Истанбул со Барселона, Астон Вила, Штутгарт и Феенорд а ќе гостуваат на ПСЖ, АЕК Атина, Лил и Спортинг.

Пеколен распоред за Караташ и неговиот Галатасарај. Споменатиот фудбалер од 1 јули го смени спортскиот пасош и одлучи да ги брани боите на Македонија и да игра за државата од каде што потекнува неговата фамилија. Станува збор за 23 годишен фудбалер кок ќе добие повик за престојните дуели на Македонија во Лигата на нации каде ќе играме во група со Швајцарија, Шкотска и Словенија.

Овој наш фудбалер е од Измир а покрај Галатасарај во има играно и за екипите на Алтај, Анкарагучу, Башакшехир и Оренбург во Русија Ова лето се врати во Галатсарај тим за кој веќе има 28 натпревари а претходно настапуваше за сите турски младински репрезентации.No description available.

ПретходноПМФЛ: Струга ТЛ со победнички мисли против Брегалница
СледноЛоши вести од Штип: Калпачки ги скина лигаментите!