Лоши вести од Штип: Калпачки ги скина лигаментите!

79

Лоши вести од Штип. Утринава и официјално ФК Брегалница информираше дека Давид Калпачки се здобил со тешка повреда и дека ќе биде надвор од стројот подолго време. Станува збор за кинење на предните вкрстени лигаменти на коленото, тоа е најтешка повреда во фудбалот и јасно е дека за него оваа сезона е завршена.

Секако дека ова е ужасна вест за стратегот на Брегалница, Никола Кузманов.

Колку за потсетување, штипските “сини“ попладнево од 17 часот, во меч од 5.коло во ПМФЛ, гостуваат кај Струга ТЛ.

ПретходноКараташ е единствениот од Македонија кој ќе игра Лига на шампиони!
СледноСилвија Митевска: „Жените не треба да станат подобри мажи за да бидат добри лидерки“