Прв тренинг во Виена: Вирусот е минато, Македонија е подготвена за Австрија! (ФОТО)

133

✍️ Од Виена за СПОРТСПОРТ, Марија Ковачева

Македонската машка кошаркарска репрезентација пристигна во Виена, првата станица во битката за пласман во квалификациите за Европското првенство 2029 година. Противник на избраниците на Хозе Мариа Берокал е селекцијата на Австрија, натпреварот се игра во недела со почеток во 16:05 часот.

Нашите кошаркари по краткиот одмор го одржаа и првиот тренинг во австриската престолнина, поточно во салата Спорт Арена каде ќе играат натпреварот. Најважно е дека сите се чувствуваат добро и вирусот е веќе минато, што значи дека ќе бидат максимално подготвени за да одговорат на предизвикот – Австрија.

Домашната селекција на првиот меч од последната претквалификациска рунда беше поразена од Кипар на гостински терен. За натпреварот против Македонија според најавите ќе има речиси полни трибини, но најважно е да се знае дека и нашите кошаркари ќе имаат свои фанови, Фалангата во Австрија најави дека ќе дојде да го бодри.

Македонија за овој меч ќе ги има Ненад Димитријевиќ и Мозес Рајт, кои заедно со поискусните кошаркари како Војдан Стојановски, Стојан Ѓуроски, Адем Мекиќ… и секако помладите репрезентативци, треба да создадат совршен спој за победа. Од списокот на селекторот отпаднаа Кристијан Николов и Петар Бошалевски.

ПретходноОхрид со одлично второ полувреме до нова победа во Регионалната лига
СледноМуслиу задоволен од ждрепката за КЛ: Ајакс е великан, ќе биде интересна група