Регионалната лига се игра во забрзано темпо. После само два дена, македонските тимови играат нови натпревари.
Алкалоид на домашен терен го пречекува Ловќен, мечот е закажан во 19 часот. Тимот од Автокоманда после поразот од Партизан, ќе бара прва победа во ова натпреварување.
И гостите доаѓаат со исти амбиции, откако претходно беа поразени од Еурофарм Пелистер и Дубочица.
ГРК Охрид повторно игра на гостински терен, овој пат кај Панчево. Македонскиот тим има две победи, додека противникот има еден пораз. Натпреварот е закажан со почеток во 18 часот.










