Елмин Растодер продолжува да ги користи своите шанси во дресот на Панатинаикос. Македонскиот репрезентативец постигна гол за да ја запечати победата на атинскиот тим со 3:1 против Кифисија, во одложениот натпревар од првото коло на грчката Суперлига.
За Растодер ова е втор погодок во сезоната 2026/27 за Панатинаикос, откако претходно стрелаше против Пакс во квалификациите за Конференциската лига. Тогаш влезе од клупата и погоди во 85. минута за 2:2.
Македонецот летово пристигна во Панатинаикос од Тун, потпишувајќи четиригодишен договор, а постепено добива сè поголема улога во тимот.










