Бразилците на Тиквеш донесоа реми против Струга ТЛ (ВИДЕО)

96

Одлични деведесет минути на стартот на новото коло во ПМФЛ шампионатот денеска одиграа во Кавадарци домаќинот Тиквеш односно гостинот Струга ТЛ. Реми со доста борба, шанси, поништени погодоци, четири гола, и конечни 2:2.

Резултаски пресврти исто така не недостасуваа. Затоа што домаќинот имаше водство по само 12. минути игра денеска. Рочи прави кардинална грешка односно е пасивен премногу во дуелот со Лусианињо. Бразилецот му ја одзема топката, и рутински пласираше во голот на Василев за домашни 1:0.

Сепак, само шест минути подоцна, на одличниот центаршут од лево на Хамза Меметриза, уште подобро реагира Агамах и со глава забива за 1:1.

Истиот играч го „одработи“ и промашувањето на досегашниот дел од сезоната. Не успеа да реализира во празна мрежа од околу три метри.

Неговата грешка ја исправи Марјан Радески кога на уште една асистенција на Хамза, погодува на две минути до крајот на полувремето за 1:2.

Агамах погоди во вториот дел, но ВАР го потврди офсајдот во таа ситуација. Следуваше иницијативата на домаќинот која што резултираше со израмнување во 87. минута. Одлично проигрување за Ренатињо на вториот дирек, кој што со лева прекрасно ја смирува топката, а уште подобро со истата нога реализира во голот на Василев.

Струга ТЛ е на втората позиција по седум мечеви и освоени 14 бодови, додека Тиквеш е трет со два бода помалку од исто толку дуели.

 

ПретходноХуан Мата ја заврши кариерата
СледноПМФЛ: Шкендија пак не победи, Контрерас со два гола му донесе бод на Арсими